-->
-->
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-->
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија. Битолчани вечерва во Скопје го совлада Вардар со 32:30 и стигнаа до трофејот.
Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17:15, а имаа и пет гола предност (15:10).
Сепак, во вториот дел Еурофарм Пелистер беше подобар противник, одигра поагресивно во одбраната, нападот беше потечен за конечен триумф вреден титула.
Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Кузмановски, кај вардарци се истакна Вуко Борозан со осум погодоци.
Трофејот освоен во СЦ „Борис Трајковски“ е вкупно деветти за Еурофарм Пелистер и трет во низа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад
-
Рождество на Пресвета Богородица одбележано во манастирот Елеуса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот