Еве како природно дома да ја запрете забоболката

Забоболката знае да донесе многу нервози и ретко кој може да ја поднесе.
Заболените заби болат кога се смеете или муртите, кога јадете или пиете, кога ја мрдате главата во било кој правец, а понекогаш болат и кога дишете, бидејќи во устата влегува ладен воздух и поминува преку болниот заб.
Единствен кој може да ја дознае причината за болката е вашиот стоматолог. Но, некогаш ви треба итно да ја запрете болката, а немате можност да го посетите стоматологот.
Кокосово масло
Потребна ви е една кафена лажица каранфилче во прав и исто толку кокосово масло. Измешајте ги состојките додека не се соедини смесата. Смесата можете да ја ставите во мала стаклена тегла и да ја чувате во фрижидер. Земете мала количина со помош на стапчиња за уши и ставете ја на болниот заб. По 2 минути ќе почувствувате олеснување, бидејќи каранфилчето содржи силен аналгетик, а кокосовото масло има антибактериско дејство.
Жалфија
Сварете чај од жалфија, оставете го 10 минути да се излади и исперете ја устата со него. Обидете се да го задржите растворот што подолго во устата.
Прополис
Земете малку прополис и ставете го на болното место.
Лук
Ставете мало чешне лук помеѓу непцето и внатрешноста на образот, покрај заболениот заб. Болката брзо ќе исчезне.
Масажа со рака
Земете коцка лед и масирајте со делот помеѓу палецот и показалецот, со раката од спротивната страна на страната на која ве боли забот. Доволно е 5-7 минути.
Масирајте го увото
Со показалецот и средниот прст масирајте го крајот на увото од страната каде што ве боли забот. Масажата треба да трае околу 7 минути. Сепак, сите овие решенија се само привремени, па веднаш штом ќе бидете во можност, посетете го вашиот стоматолог.
Ново на Сител
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
