Loading Video...
Свет
29. December 2025 - 16:29

Преглед на вестите од светот

По состанокот во Флорида , ТРамп и Зеленски обајвија дека постигнале голем напредок во финализирање на договорот од 20 точки за крај на руско украинскаат војна.

Според Трамп, опфатени се 95 проценти од мировниот план, а според Зеленски, договорени се 90 проценти од точките. Најтешките прашања остануваат статусот на регионот Донбас кој во голем дел е под руска контрола и идното управување со нуклеарната електрана Запорожје. Шефот на Белата Куќа потврди дека предлогот за трансформација на регионот во демилитаризирана зона сè уште не е усогласен.

- Се приближуваме кон договор за тоа. И тоа е големо прашање, секако. Тоа е едно од големите прашања. И мислам дека сме поблиску отколку што веројатно бевме. Прво, не е решено, но се приближува многу. Тоа е многу тешко прашање, но мислам дека ќе се реши.“

Зеленски откри дека Трамп понудил 15-годишни безбедносни гаранции за Украина со можнос за продолжување. .

„Со претседателот на Соединетите Американски Држави потврдивме дека ќе имаме безбедносни гаранции од Соединетите Американски Држави. Во документите станува збор за 15 години со можност за продолжување на овие безбедносни гаранции.“„Му кажав дека веќе сме во војна, и тоа трае речиси 15 години. И затоа навистина сакав гаранциите да бидат подолги. И му реков дека навистина би сакале да ја разгледаме можноста за 30, 40, 50 години. И тогаш ова ќе биде историска одлука од претседателот Трамп. Претседателот рече дека ќе размисли за тоа.“

Во меѓувреме Кремљ испрати порака до Зеленски - Украина мора да ги повлече своите војници од деловите на Донбас кои сè уште се под контрола на Киев доколку сака да постигне мировен договор изјави Портпаорлот На Путин, Песков.

Тројца турски полицајци беа убиени а девет други ранети во размена на оган со членови на ИД во северозападна Труција. Шест терористи беа убиени во судирот изјави минитесрот за внарешни работи Али Јерликаја. Вооруженаат престрелка се случила рано утрово кога полицијата сакала да изврши рација во кука во градот Јалова.

Се претпоставувало дека членови на ИД престојуваат во куќата. Осомничените отвориле оган кога полицијата се приближила. ПРед три дена, полицијата во Истанбул приведе 115 осомничени членови на ИД во рациии на 124 локации по дојава дека групата планирала напади за време на прославите за Божиќ и Нова Година низ Турција..

Косовксиот премиер Албин Курти изјави дека брзо ќе формира нова влада откако неговата партија осови речсии половина од гласовите на вчера одржаните вонредни избори,. Овој резултата на Курти му носи 56 пратеници. Двете главни опозициски партии Демократска партија на Косово и Демократска лига на Косово добија 21%, односно 13,6% гласови. За формирање на Влада, потребни се 61 мандат во Собранието, кое има 120 места. Десет мандати се резервирани за српското малцинство, а уште десет за членовите на другите малцински заедници, Бошњаците, Турците и Ромите. Вонредните избори беа одржано откако, по редовните избори во февруари,на кои Самоопределување исто така освои најмногу гласови, но партиите не успеаја да формираат влада.