Еврејската заедница на иста линија со претседателката: Потребен е посебен полициски надзор за објектите на еврејската заедница
Потребен е засилен полициски надзор за еврејските објекти поради случувањата на Блискиот Исток. Првиот човек на Еврејската заедница на иста линија со претседателката Сиљановска Давкова која по синоќешниот Совет за безбедност изјави дека е потребна посебна заштита на Музејот на холокаустот, седиштата на еврејската заедница и синагогите, откако ексалираше состојбата меѓу САД и Иран.
Леви за Сител вели дека е во постојан контакт со македонските безбедносни служби.
Сител направи обилколка. Кај Музејот на холокаустот на Евреите и околу амбасадите видливо полициско присуство - немаше. Прашавме и во МВР, дали амбасадите побарале асистенција откако е почнат конфликтот.
- Ве информираме дека до овој момент до Министерството за внатрешни работи не е доставен официјален акт или барање од амбасадите во Скопје за зголемено полициско присуство или засилено обезбедување, ни одговорија од МВР.
Експертите ја поздравуваат одлуката на Советот за безбедност, кои проценија дека нема опасност по безбедноста на Македонија, но и во регионот.
Седрак дополнува дека ваквите глобални тензии најчесто имаат индиректни последици – преку економски притисоци и енергетска неизвесност.
Со оглед на ескалацијата на конфликтот, безбедносните служби продолжуваат со засилено следење на состојбите и размена на информации со меѓународните партнери. Се прават дополнителни проценки за можните ризици, особено во однос на потенцијални сајбер-напади, хибридни закани и ширење дезинформации кои можат да влијаат врз јавната стабилност.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
