-->
-->
Евролига: Маледон МВП во декември
-->

Кошаркарот на Асвел, Тео Маледон, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) на Евролигата во декември.
Маледон во месецот кој изминува имаше просек во Евролигата од 21,2 поени, 5,3 асистенции, 4,3 скокови и индекс на корисност од 26,8.
Асвел во декември ја прекина победничката серија на Париз, го совлада Реал Мадрид и забележа два триумфи на гостински терен во „двојното коло“ против Партизан и Жалгирис.
Маледон стана првиот кошаркар на Асвел во историјата што ја добил оваа награда, а на натпреварот против Виртус стана и играч кој на најмногу последователни натпревари (10) постигнал индекс на корисност од 20 или повеќе.
Маледон ја почна кариерата во Асвел, а по четири сезони минати НБА лигата, изминатото лето се врати во францускиот клуб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
