Европскиот парламент ќе гласа по извештајот на Вајц
Европскиот парламент денеска во рамки на овонеделната сесија во Стразбур ќе гласа за усвојување на Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.
На предлог текстот на извештајот се поднесени вкупно 28 амандмани, меѓу кои и три како заеднички предлог на европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се бара бришење на формулацијата „македонски јазик и идентитет“ од документот.
Денешното гласање следува по синоќешната парламентарна дебата по Извештајот, на која Вајц, кој е известувач на Европарламентот за земјава, порача дека документот дава целосна слика за тоа каде се наоѓа земјата и во него се поздравуваат некои достигнувања, но се бараат и реформи, и се зборува за говорот на омраза, за злосторствата од омраза, за потребата од владеење на правото, борба против корупцијата и не само за усвојување на закони, туку и за резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.
Тој нагласи дека иако земјава веќе 20 години е на европскиот пристапен пат и имплементираше доста значаен дел од европското законодавството, таа, иако требаше, се уште формално ги нема започнато преговорите за членство во ЕУ.
Во обраќање на дебатата, еврокомесарката за проширување Марта Кос истакна дека пристапување кон ЕУ е клучен двигател за спроведување на најважните реформи, па затоа е важно земјава да продолжи да напредува во пристапниот процес, пред се со спроведување на уставните измени.
- Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачи чекор кон ЕУ и да го искористи моментумот на проширување што е очигледно постои. Ние продолжуваме да ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, истакна Кос.
Таа нагласи дека со овој Извештај ЕУ дава јасна порака за поддршка на европскиот пат на земјата, но ги наведува и условите кои се потребни за таа да се придвижи напред.
- Сметам на поддршката од овој Дом за да останеме ангажирани. Северна Македонија припаѓа во Европската Унија, додаде Кос.
Во текот на дебатата мнозинството европратеници изразија поддршка за европските аспирации на земјава и за нејзино пристапување кон ЕУ, оценувајќи дека таа покажала вистинска посветеност на напорите за членство, спровела важни реформи и се приближила кон ЕУ.
Тие порачаа дека проширувањето мора да остане процес на заслуги и дека напредокот во пристапувањето кон ЕУ треба да зависи од исполнување на Копенхашките критериуми, како и дека тоа не треба да се поткопува поради историско несогласување и билатерални прашања.
Ново на Сител
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово
-
Армијата ангажирана во справувањето со пожарите
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури