Европските демократии се под закана како никогаш досега, вели германскиот претседател

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги повика Германија и Франција заедно да ја водат Европа, додавајќи дека годишнината од масакрот извршен од Хамас во Израел е силен потсетник за потребата од заеднички европски одговор на заканите за мирот и безбедноста, јави ДПА.
Штајнмаер го изјави ова синоќа во Париз за време на приемот во германската амбасада како дел од неговата државна посета на Франција.
Третата годишнина од масакрот извршен од Хамас нè потсетува „колку, во овие темни времиња, ни е потребна посветеност на мирот и безбедноста“, рече тој.
Франција и Германија мора да излезат со „искрена и обединета европска политика“.
„Европските демократии се соочуваат со предизвик со кој не се соочиле од Втората светска војна, кој доаѓа и однадвор и одвнатре“, истакна тој.
„Може да има само еден одговор. Сега, повеќе од кога било, Европа мора да застане обединета и самоуверена во одбрана на вредностите што нè прават тоа што сме: почитување на човечкото достоинство, мир, слобода и демократија“, рече Штајнмаер.
Се очекува денеска да биде пречекан со сите воени почести од неговиот француски колега Емануел Макрон. Штајнмаер и Макрон ќе ги напуштат своите функции следната година.
МИА
Ново на Сител
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
-

Рокот на спорните серии на БСЖ во Македонија истекол во јуни годинава - нема ниедна несакана реакција
