ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија
Фудбалерот на Челзи и украински репрезентативец, Михаил Мудрик (23) се соочува со суспензија до четири години, откако Англиската фудбалска асоцијација (ФА) подигна обвинение поради кршење на правилата за допинг.
На крајот на октомври лани, во примерокот од урина на Мудрик за време на антидопинг контролата беше пронајдено присуство на забранета супстанца. Од крајот на ноември, Мудрик не одигра ниту еден натпревар за Челзи и е привремено суспендиран.
„Потврдуваме дека Михаил Мудрик е обвинет за кршење на антидопинг правилата поврзани со присуство или употреба на забранети супстанции“, соопшти ФА.
Мудрик претходно ги негираше обвиненијата, велејќи дека е „целосно шокиран бидејќи не прекршил ниту едно правило“ и оти никогаш „свесно не користел забранети супстанции“.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот