Фаустин-Арчанг Туадера се кандидира за трет претседателски мандат на изборите во ЦАР

Во Централноафриканската Република (ЦАР) денеска се одржуваат избори, а претседателот на земјата Фаустин-Арчанг Туадера се кандидираше за трет мандат, нагласувајќи го подобрувањето на безбедноста во земјата постигнато со помош на руски платеници и војници од Руанда.
Покрај претседателските избори, денеска се одржуваат и парламентарни, регионални и локални избори, а прелиминарните резултати се очекуваат до 5 јануари.
Доколку ниту еден претседателски кандидат не освои повеќе од 50 проценти од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 15 февруари.
Математичарот Туадера (68) го предводеше уставниот референдум во 2023 година за укинување на ограничувањата на претседателските мандати, што неговите критичари го сметаа за обид да остане на власт доживотно, објавија британските медиуми.
Победата на Туадера, која аналитичарите ја сметаат за сигурна, дополнително би ги зајакнала интересите на Русија во земјата, која ја размени безбедносната поддршка за пристап до природни ресурси, вклучувајќи злато и дијаманти.
Опозицијата е претставена од шест кандидати, меѓу кои се издвојуваат поранешните премиери Анизет-Жорж Дологеле и Анри-Мари Дондра. Двајцата останаа во трката откако преживеаа обиди за дисквалификација поради наводно поседување странски државјанства.
Организацијата „Хјуман рајтс воч“ процени дека административните маневри на властите ги направија дејствијата на опозицијата непропорционално тешки и го доведоа во прашање вистинскиот избор на гласачите.
Британските медиуми потсетуваат дека во 2018 година, Централноафриканската Република стана првата земја во Западна и Централна Африка што распореди руски членови на групата Вагнер, додека Руанда ги распореди своите сили две години подоцна за да спречи напади на бунтовниците и нарушување на изборите во 2020 година.
Иако безбедносната ситуација е постабилна по потпишувањето на мировните договори со бунтовниците оваа година, аналитичарите предупредуваат дека напредокот е ограничен, бидејќи разоружувањето не е целосно, а нестабилноста е поттикната од упади на борци од соседен Судан.
МИА
Ново на Сител
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
-

Политички обвинувања за градење згради во Дубаи, но и за србофобија
-

Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка на градот
-

Рекорден буџет и големи капитални вложувања за Центар во 2026
-

Наместо намалување, зголемување на пропишување на антибиотици – Фондот во 2026 со нова политика
-

Преглед на вестите од светот
-

Родителите на загинатите во Кочани прашуваат зошто нема анализи за присуство на цијанид во крвта кај жртвите?
-

Пратенички прашања во Собранието
