Наместо намалување, зголемување на пропишување на антибиотици – Фондот во 2026 со нова политика
Антибиотикот кој најмногу беше пропишуван за лекување на ковид, повторно популарен кај лекарите и пациентите. Во 2024 биле издадени дури 39 000 рецепти повеќе во споредба со претходната година. За време на пандемијата стручни лица укажуваа дека тој лек има дефинирано за што е ефикасен и е штетна и опасна неговата злоупотреба.
- За нас најкритична е употребата, за жал само бренд името го знам, сумамед, кој треба да биде антибиотик за последна линија на одбрана, минатата година имавме 23 проценти зголемување во издавањето на тој лек, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.
Бидејќи наместо намалување имаме пораст со пропишување на антибиотици, Фондот за здравствено осигурување најавува дека во 2026 година ќе има и казни но и подоследно следење на пропишување, со цел да има рационална употреба на оваа терапија.
- Минатата година го зголемивме нашето вреднување на матичните доктори, сега очекуваме зголемена одговорност од нивна страна. Тоа значи ригорозно придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување на антибиотици и анксиолитици. Ние имаме само за тие две групи ограничување во пропишување, вели Клековски.
Од Фондот им се извинија на пациентите кои користат антикоагулантна терапија, посебно двата лека кои овој месец требаше да се најдат на позитивната листа, но тоа е одложено за јануари поради технички проблеми.
-Нема да има никакви проблеми за тие што ги користат овој месец , ќе бидат рефундирани тие лекови се додека не се најдат на позитивната листа, вели Клековски.
Наредната година Фондот најавува и регулирање во обврските што ги вршат здравствените работници и кој што работи за тоа да биде платен. Односно, да нема пример хирург од внатрешноста да зема плата како хирург од скопски клиники а ниту еднаш да не влегол во операциона сала.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
