ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Кирк
Федералното истражно биро (ФБИ) објави фотографии од лице од интерес поврзано со пукањето во кое беше убиен конзервативниот активист Чарли Кирк. Настанот се случи доцна во среда, за време на настан организиран од неговата организација Turning Point USA во универзитетски кампус во Орен, Јута.
Според информациите, осомничениот — за кој се верува дека е на возраст од околу 20 години и дека дејствувал сам — пукал еден куршум директно во вратот на Кирк додека тој дебатирал со студенти. По нападот, напаѓачот наводно скокнал од покрив на зграда и побегнал во блиската населба.
ФБИ ги повика граѓаните да споделат информации што може да помогнат во идентификацијата и лоцирањето на осомничениот. Споделени се и фотографии на кои се гледа маж со капа, очила за сонце и црна кошула со долги ракави. Објавата е споделена и на платформата X од Одделот за јавна безбедност на Јута.
На местото на настанот била пронајдена пушка со голема моќност, потврдија властите.
Ново на Сител
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратениците во контрола на АНБ
-
СДСМ: Дали премиерот ќе го разреши Фетаи?