Фернандеш за асистенцијата на Роналдо: За Португалија е поважно да победува
Фудбалерот од средниот ред на Португалија, Бруно Фернандеш го сподели своето мислење за асистенцијата на напаѓачот Кристијано Роналдо на натпреварот со Турција (3:0) на Евро 2024 година.
Во 56. минута Роналдо иако можеше да ја заврши акцијата, се одлучи за додавање кон Бруно Фернандеш кој ја погоди празната мрежа.
– Сите сакаат да постигнуваат голови, но тоа не е најважно и мојот гол го одразува тоа. Кристијано е нашиот најдобар стрелец, тој е стрелец, но кога ќе му се укаже прилика, прави додавање. Ова докажува дека поважно ни е да победуваме отколку да даваме голови. Сите знаат дека нашата цел е победа. Друга цел нема. Натпреварот со Грузија ќе биде многу важен, и покрај нашата ситуација, сакаме да победиме, изјави Фернандеш.
Роналдо ја забележа 8-та асистенција на Европското првенство и се израмни со рекордерот на Европските првенства, Карела Поборски по овој показател.
Португалија на 26 јуни ќе игра против Грузија во третото коло од групниот турнир на Евро 2024 година.
Португалија освои шест бода веќе обезбеди пласман во плејофот за ЕП 2024.
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош