Македонија
21. August 2025 - 16:39

Лукровски презентираше план за Карпош

Справување со бетонизацијата, решавање на паркинг просторот на територијата на Карпош, проблемите со сметот, ревитализација на парковите се само дел од проектите кои ги најави кандидатот на ВМРО ДПМНЕ  за градоначалник  во Карпош, Сотир Лукровски.

Под слоганот „Со љубов“ за Карпош, Лукровски на брифингот со новинарите претстави проектен план за Општината што опфаќа 12 точки, меѓу кои стопирање на како што рече криминалот со урбанистичкото планирање, чист и зелен Карпош, побезбедна населба, решавање на сообраќајниот хаос, дигитализација на општината, поинклузивна општина, унапредување на спортските активности и континуирано вложување во образованието.

Вети дека ќе работи транспарентно и во интерес на граѓаните. Си постави рок во првите две години доколку дојде на функцијата да ги решат барањата за над 11.000 барања за легализации на објекти.