Фицо: Европската Унија се однесува како навредено дете, Словачка ќе биде дел од новиот светски поредок
Словачкиот премиер Роберт Фицо потврди дека за време на неговата посета на Пекинг ќе има билатерални средби со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот лидер Си Џинпинг, како и други високи функционери на Народна Република Кина.
Фицо ја критикуваше Европската Унија поради одлуката да не испрати свои претставници на овој значаен собир, јави телевизијата Та3.
Оваа недела Кина е домаќин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), на кој, покрај Путин и Си, учествуваат и индискиот премиер Нарендра Моди, како и други светски лидери. Покрај самитот, предвидени се и свечености по повод 80-годишнината од победата над Јапонија и завршувањето на Втората светска војна.
Фицо изрази жалење што токму Словачка ќе биде единствената држава-членка на ЕУ која ќе има свои претставници во Пекинг.
– Ако во Пекинг постои можност покрај оддавањето почит на жртвите од војната да се сретнеме со светски лидери, треба да се искористи. Политичари кои претставуваат милијарди луѓе ќе бидат таму, порача словачкиот премиер.
Фицо истакна дека институциите на Европската Унија биле однапред известени за неговото патување, но оти немало реакција.
– Се создава нов светски поредок, нови правила на мултиполарниот свет, нов баланс на силите, што е исклучително важно за глобалната стабилност. Учеството во такви дискусии значи поддржување на дијалогот наместо играње навредено дете. Така денес се однесуваат ЕУ и нејзините претставници, истакна Фицо.
Објаснувајќи ја својата одлука да отпатува во Кина, словачкиот премиер се повика на одредбите од Уставот на неговата земја кој, како што рече, „го обврзува секој словачки политичар да се стреми кон постојана мирна соработка со другите демократски држави“.
Фицо потсети дека „Советскиот Сојуз и Кина го понесоа најтешкиот товар од Втората светска војна и нагласи дека одбива да ги затвора очите пред таа реалност и да го искривува минатото“.
МИА
Ново на Сител
-
РСЕ: Унгарија и Словачка вршат притисок врз Брисел за списокот на санкции против Русија
-
За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија
-
Сиљановска Давкова: Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари
-
„Лидл“ гради објект и во Аеродром, најавено ново поглавје во малопродажбата
-
Филипче бара итно декласифицирање на документите за следење на комуникациите на новинари и политичари
-
Приведени двајца турски државјани на ГП Деве Баир, приложиле фалсификувани зелени карти за возилата
-
Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни
-
Изминатитe два дена 1103 сooбрaќaјни прекршoци