Преглед на вестите од светот
Кина ја покажа својата воена моќ на раскошна парада на плоштадот Тјенанмен по повод 80 години од нејзината победа над Јапонија на крајот од Втората светска војна.
Стоејќи во лимузина престедателот Си Џинпинг даде знак за стартот на парадата на која беа прикажани најсовремени оружја, вклучувајќи нуклеарни балистички ракети, хиперсонично оружје и подводни дронови, со учесто на 12 000 војници и прелети на борбени авиони.
Особено внимание привлекоа роботските волци способни за извидување на фронтот, доставување залихи и за извршување прецизни напади врз цели.
Подемот на Кина е незапирлив, земјата е поствена на мирот, но и на градење првокласна армија за заштита на светскиот поредок истакна Си на церемонијата на која дојдоа 26 светски лидери меѓу кои претседателот на Русија Владимир Путин и севернкорејскиот лидиер Ким Јон Ун.
Единствен политичар од држава членка на НАТО и ЕУ беше словачкиот премиер Робер Фицо. Од Балканот пак, во Пекинг се појави српскиот претседател Вучиќ.
-Кинеската нација е голема нација која не се плаши од насилство и која стои независна и силна. Денес, човештвото повотрно се соочува со избор помеѓу мир и војна, дијалог и контронтација, заемна користи и исходи без прогрес. Кинскиот народ цврсто стои на вистинската страна на историјата, на страната на човечката цивилизација и анпредок – поственен на патот на мирен развој и соработка си луѓето од сите земји за изградба на заедница со заедничла иднина за човештвото, изјави Си Џинпинг, претседател на Кина.
Ова беше првпат Си, Путин и Ким да бидат видени заедно на ист настан, што аналитичарите го протолкуваа како демонстранција на политичко и воено единство спроти западните западниет земји. Рекација стигна од Доналд Трамп.
Американскиот лидер го обвини кинескиот колега за заговор против САД со лидерите на Русија и Северна Кореја.
-Нека претседателот Си и прекрасниот народ имаат голем и незаборен ден. Ве молам, упатете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун додека заговарате против Соединетите Американски Држави, напиша Трамп на Трут соушл.
Кремљ демантира.
Се надевам дека бил ироничен. Би сакал да кажам дека никој не заговарал, никој не планирал ништо, никакви заговори. Покрај тоа, никој од овие тројца луѓе дури и немал таква идеја. Покрај тоа, можам да кажам дека сите ја разбираат улогата што Соединетите Американски Држави, администрацијата на Трамп и претседателот Трамп лично ја играат во актуелните меѓународни односи, изјави Јури Ушаков, советник на рускиот претседател.
Јапонија одби да ја комнетира парадата и поканетите гости, наведувајќи дека со Кина гради конструктивни односи.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар