Македонија
1. March 2026 - 16:34

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски

Венко Филипче, денеска на прес-конференција упати остри критики до Мицкоски, оценувајќи дека економската политика која ја води резултирала со драстичен пад на странските инвестиции.

Според Филипче, во 2025 година странските инвестиции се намалени за 729 милиони евра во споредба со 2024 години. Тој нагласи дека македонската економија тоне, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми финансиски потешкотии.