Филипче: Нема да дозволам некој да не дели
Немам ништо против различни ставови и дебата, но нема да дозволам да се ситни СДСМ. Опозицискиот лидер најави дека ќе биде остар кон сите кои како што рече, ќе се покаже дека одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ
Реакцијата на Филипче доаѓа откако група поранешни високи функционери на СДСМ најавија фомрмирање на нова иницијатива која очекуваат да ја обедини опозицијата во битката против ВМРО-ДПМНЕ. Во неа, како што објавија тие, место за Филипче и актуелното раководство нема да има. Според нив, да си ја работел Филипче добро работата, воопшто немало ниту да се јави потреба тие да се активираат. Се оградија од Шилегов, но и натаму ниту еден од нив не е подготвен лично да застане зад оваа идеја па целиот проект лебди на брифинзи зад кои се уште се цитираат извори кои инсистираат на анонимност.
Тоа според Филипче зборува за сериозноста на инцијативата која според него доаѓа во време кога СДСМ почнале да растат, а Владата да ја изолира земјата.
Партијата која 7 години ветуваше ЕУ „утре“, денес зборува за реформи кои сама не ги направи, реагираше владејчката ВМРО-ДПМНЕ.
„Партијата која го урниса правосудството, денес држи лекции за владеење на право. Партијата која ја заглави државата, денес зборува за „изолација. Наместо одговори за тоа зошто не ги реализираа реформите, зошто немаа резултати и зошто ја оставија државата без напредок кон ЕУ, СДС нуди конфузија и празни тези.“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
