Филипче: Поддршка за протестот на ССМ, но организирана партиска поддршка нема да дадеме

СДСМ донесе став да се поддржи денешниот протест на ССМ и барањата кои работниците ги имаат до Владата. Но, како што истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче организирана партиска поддршка нема да дадат.
-Сметам дека барањата се реални, дека се објективни, дека поголема плата е заслужена и вистински потребна за преживување на работничките семејства во државата. Јас жалам што завршија добрите пракси од минатото од времите на Владите на Социјадемокртаскиот сојуз на Македонија, кога во контиунитет растеа и минималната и просечната плата. Минималната се дуплираше, скоро се дуплираше просечната плата и тоа во време на најголеми кризи, кога светот немаше видено тогаш, Ковид, енергетската криза, вели Филипче.
Тој додаде дека тоа е резултат на едно добро водена политика во државата, кога какошто рече во државата имаше и добра реализација на капитални инвестиции, странски инвестиции.
-Сето тоа во оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН навистина го нема. Лошо функционира, едноставно сме соочени со ситуација, во ккојашто се што Владата прави е нови, нови задолжувања, кои ќе ги враќаат следните генерации. Максимална поддршка за денешниот протест. Жалам што пред неколку месеци оваа власт не го поддржа за зголемување на минималната плата. Ние ќе продолжиме и понатаму во следниот период да изнаоѓаме, предлагаме законски решенија, со што ќе го подобриме стандардот на граѓаните, вели Филипче.
Прашан дали вечерва ќе биде на протестот, кој го организира Сојузот на синдикатите на Македонија, Филипче со одговор дека организрана партиска поддршка нема да дадат.
-Добро сигурно ќе излезат наши членови коишто се дел од синдикатот. Но, ние организирана партиска поддршка со цел да се поддржи во таа смисла протестот не даваме. Ниту сметаме дека треба да се даде. Треба да е тоа автентично излегување на улица, исто какошто е автентично излегување на организацијата, за којашто ја немаме никаква улога, вели Филипче.
На прашањето дека сега како партија ги поддржуваат барањата на синдикатите, а кога биле на власт СДСМ не ги поддржувале и од каде сега оваа промена околу ставот за минималната плата, Филипче со одговор дека во времето на СДСМ платите растеле и тоа во време на најголемите кризи. Порача дека гласот на работниците и на синдикатите треба да се слушне и Владата да ги прифати нивните барања.
МИА
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
-

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка
