Македонија
28. January 2026 - 16:31

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој се констатирани неправилности, меѓу кои и нелегална изградба на хотелски комплекси  и објекти за домување , недонесени урбанистички планови за 20 населени места, и пропусти во финансиското работење.

(Државниот завод за ревизија на 19 декември 2025 година, го достави ревизорскиот извештај за општина Охрид кој е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство во Охрид, оформен е предмет и  се преземаат дејствија на проверки) соопштија од обвинителство.

Градоначалникот Пецаков во однос на извештајот тврди дека нема хотели без дозволи а дивоградбите не само во Охрид туку на ниво на држава се болна тема која трае со години.

Охридскиот градоначалник вели дека споредбено со претходниот ревизорски извештај во сите сектори има подобрување ,а доколиу обвинителството  има потреба да добие некои документи под однос на постапка отворени се за соработка.

Во однос пак на не преземените мерки за отстранување на бесправно изградените објекти,Пецаков вели дека општините немаат капацитет за рушење на довоградбите.