Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез ги повика префектите и безбедносните службеници да бидат „особено внимателни“ за време на денешните протести, предупредувајќи на можноста за насилство и радикализација на демонстрациите, објави „Фигаро“.
Нуњез рече дека денешните протести би можеле да добијат на интензитет, и покрај помалата мобилизација минатиот викенд, кога, според Министерството за внатрешни работи, 106.000 луѓе демонстрираа низ цела Франција.
Тој, исто така, посочи на повиците за акција во неколку европски земји, како и на фактот дека 21 ноември се совпаѓа со осмата годишнина од движењето „Жолти елеци“.
Министерот, исто така, предупреди на се повеќе радикализирано протестно движење во средните училишта и универзитетите, како шторече тој, води до сериозни насилни инциденти.
Тој ги повика префектите да обрнат посебно внимание на групите кои се најнепријателски настроени кон полицијата, по дебатата во Сенатот за предлог-законот со кој се воведува претпоставка за легитимна употреба на огнено оружје.
Тој објави дека распоредувањето на полицијата и жандармеријата ќе биде исто како и во претходните саботи, со околу 70.000 припадници на безбедносните сили низ цела Франција.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
-

Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
-

Филипче: Блиску сме до грчко сценарио
-

Новите технологии ја менуваат стоматологијата
-

Нелојалната конкуренција останува сериозен предизвик за агенциите за недвижности
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

Михаилова во тајни снимки тврди дека била уценувана од бугарските служби
-

Случајот Михаилова ја отвори пандорината кутија во Бугарија
