Фрчковски повикан на консултации во МНР
По две години на позицијата амбасадор во ОН, Министерството за надворешни работи го повлекува на консултации Љубомир Фрчковски. Неофицијално, Фрчковски не уплатил пари на сметка на буџетот од продажбата на имотот припаднат на Македонија по поделбата на имотите на Југославија на територијата на САД. Однсоно, во МНР не постоела евиденција за таква уплата. Министерството ќе ги испитува и наводите дека ги злоупотребил службените картички за авионски билети, заобиколувајќи ги процедурите.
Според информации од Сител од министерството, на Фрчковски ќе му биде даден рок од една недела да го организира враќањето во Македонија. Се очекува да пристигне во земјава кон крајот на месецот.
По наредбата на МНР, од ВМРО ДПМНЕ реагираат дека Фрчковски е грдото лице на двоецот СДСМ-ДУИ.
„Фрчковски е грдото лице на владеењето на претходната власт на СДСМ и ДУИ. Од тоа што можевме во јавноста да го видиме, гледаме дека како амбасадор на Македонија уживал во удопствата кои му ги обезбедил Зоран Заев со именувањето, а во исто време нема отчет како се трошеле народните пари, односно парите биле трошени на непознат начин“, истакна Лефков.
Засега СДСМ не реагира на ваквата одлука на МНР.
Бројните реакции од тогашната опозиција дека Фрчковски не треба да биде на оваа функција не беа доволни, па тој во 2022-ра само со потпис на указот од претседателот Пендаровски ја презеде функцијата амбасадор на ОН во Њујорк. Фрчковски не ја презентираше ниту програмата пред матичната собраниска комисија за надворешни работи, па тој со указот на Пендаровски и образложението дека доволана е одбраната на тезите на кандидатот пред колегиумот на МНР во 2021-ва замина за Њујорк.
Претрходно МНР ги повика на консултации и амбасадорите во Рим и Тирана. Весел Мемети поради одлуката која сам си ја донел и ги известил тамошните власти дека македонските пасоши со Република Македонија се неважечки , а Данчо Марковски да објасни што се случувало пред и за време на пописот во Албанија, но и да каже какви насоки имал од МНР.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар