ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил - бомба на Кримскиот мост

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека е спречен обид на украинските специјални служби да предизвикаат експлозија на автомобил-бомба на Кримскиот мост.
„Возило со импровизирана експлозивна направа со голема моќност пристигна во Русија од Украина преку транзит низ неколку земји. Ја преминало руско-грузиската граница на меѓународниот контролен пункт Верхни Ларс во Република Северна Осетија-Аланија и требаше да продолжи кон Краснодарската територија со транспортер на автомобили управуван од приватен возач“, се наведува во соопштението пренесено од руските медиуми.
Службата додава дека планот бил автомобилот да се предаде на лице кое ќе го вози преку Кримскиот мост и ќе стане „ненамерен бомбаш-самоубиец“.
„И покрај триковите на украинските терористи, ФСБ успеа навремено да ги открие нивните планови, да ја идентификува и деактивира експлозивната направа, внимателно скриена во „Шевролет Волт“, и да ги притвори сите оние кои учествувале во нејзината испорака на територијата на нашата земја“, се додава во соопштението.
Руската безбедносна служба соопшти дека ова е втор обид на Киев за една година да употреби автомобил со голема количество експлозив за саботажа на Кримскиот мост, а претходно на 2 април, белоруските безбедносни сили запленија минибус со повеќе од половина тон синтетички експлозиви во царинската испостава во Брест.
ФСБ објави дека соучесниците во однапред смисленото злосторство се приведени, вклучувајќи го и возачот, за кој се вели дека не бил свесен што се случува, и дека против нив е покрената кривична постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
