Гаши: Ревизорските извештаи бараат суштинско разгледување, Собранието ќе ги зајакне механизмите за надзор

Ревизорските извештаи претставуваат клучен инструмент за контрола и отчетност и бараат сериозно и суштинско разгледување од страна на пратениците и собраниските служби - порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на настанот „Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија“.
Гаши потсети дека во ревизијата важи принципот тоа што не е документирано, не е ни направено нагласувајќи дека Собранието во наредниот период ќе се насочи кон конкретни активности за подобрување на надзорната улога.
Тој најави три приоритети, како што е зајакнување на механизмите за следење и спроведување на наодите и препораките од ревизијата, унапредување на парламентарните капацитети за толкување на ревизорските извештаи и усогласување на законодавството со европските стандарди, вклучително и донесување на новиот закон за државна ревизија.
Во обраќањето Гаши ја нагласи и важноста на партнерството со ОБСЕ, чија експертиза, како што рече, е значајна за ефикасно практикување на парламентарниот надзор.
Според него, извештаите и поддршката на ОБСЕ се од исклучително значење за унапредување на институционалната отчетност.
- Кога оваа соработка целосно ќе се материјализира, надзорот ќе се врати кај Собранието, одговорноста кај институциите, а транспарентноста кај јавноста - истакна Гаши додавајќи дека отчетноста во такви услови се претвора во доверба.
Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, во своето обраќање истакна дека меѓународните оценки - од ОБСЕ/ОДИХР, ГРЕКО и Венециската комисија - постојано укажуваат дека функционалната демократија зависи од тоа колку ефикасно парламентите ги разгледуваат наодите на надзорните институции и ги следат препораките.
- Како пратеници имате клучна одговорност да барате отчетност од владата и институциите со цел јавните ресурси да се управуваат законито, транспарентно и во интерес на граѓаните - порача Вал и потсети дека покрај донесувањето закони и буџети, надзорот е еднакво важен дел од работата на парламентот.
Вал нагласи дека Државниот завод за ревизија е еден од темелите на системот за надзор, обезбедувајќи независни и докази засновани проценки за трошењето на јавните средства и институционалната ефикасност.
Според него, ревизорските извештаи – вклучително и оние за финансирањето на изборните кампањи нудат јасни анализи и препораки што заслужуваат парламентарно внимание.
Тој посочи дека ова е особено важно во контекст на изборите, каде навременото парламентарно ангажирање во однос на ревизиите на финансирањето на кампањите може да спречи повторување на слабостите и да ја зајакне довербата во изборниот процес.
Според главниот државен ревизор, Максим Ацевски, ревизијата не е само констатирање на слабости, туку инструмент за унапредување на институционалните системи и зајакнување на финансиската одговорност.
Тој посочи дека ревизорските извештаи се стручна основа за парламентарниот надзор и за демократска контрола врз трошењето на јавните средства, потоа следењето на имплементацијата на препораките дека е клучен елемент за затворање на циклусот на отчетност.
-Нашите граѓани имаат право да бидат сигурни дека секој денар е искористен на најдобар можен начин. На Државниот завод за ревизија му е доверена одговорноста да обезбеди дека јавните средства се користат согласно законите и најдобрите принципи на финансиско управување, истакнс Ацевски.
Тој додаде дека донесувањето на новиот Закон за државна ревизија ќе ја потврди оперативната и финансиска независност на институцијата и ќе го унапреди статусот на вработените.
МИА
Ново на Сител
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
-

Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
-

Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
