Македонија
30. May 2026 - 16:27

Гастрономската понуда клучен фактор за повеќе туристи

Збогатувањето на гастрономската понуда е клучен фактор за привлекување повеќе туристи и продолжување на нивниот престој. Локалните бизниси и туристичките работници треба повеќе да го насочуваат фокусот кон креирање автентични и незаборавни искуства кои ги спојуваат традицијата и современите трендови.

Рестораните кај нас имаат исти менија во текот на целата година наместо да нудат сезонска понуда по теркoт на светските дестинации.

Добрите познавачи псоочуваат дека сѐ поголем број туристи бараат автентични искуства и поддржуваат локално производство, а нашата земја има огромен потенцијал за гастрономска понуда.