Герасимовски: Отстранета дивоградба на улица Орце Николов, продолжуваме со расчистување на бесправните објекти

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало.
Конструкцијата, со димензии 15 x 5,7 метри, беше изградена без одобрение за градење и го узурпираше заедничкиот простор предвиден за граѓаните.

„Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да се претвораат во приватни имоти поради самоволие на поединци. Секој бесправно изграден или незаконски поставен објект ќе биде санкциониран со соодветни решенија и постапки за негово отстранување”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Градежниот инспектор издаде решение со кое на инвеститорот „Екотон Дизајн“ му беше наложено да ја отстрани нелегалната доградба. Бидејќи инвеститорот не постапи по решението и по неколкуте опомени, општинските служби ја отстранија бесправно изградената конструкција.

Општина Центар спроведува континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти.

Целта е заштита на јавниот интерес и враќање на просторот на граѓаните, како дел од пошироката стратегија за уредување и подобрување на урбаниот простор во општината.
Ново на Сител
-

ДУИ: Државата итно да превземе мерки за заштита на стандардот на граѓаните
-

Државниот пазарен инспекторат излегува на терен, ќе се следат цените на прехрамбените производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски очекува реакција од ЕУ за забраната на Менкиновски за влез во Бугарија
-

Со искуства од регионот ќе се јакне јавната служба
-

Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: Потребни се конкретни, но системски промени
-

Општините од Југоистокот со заеднички проект за почист воздух
-

Колони возила на бензинските станици
