Македонија
10. March 2026 - 12:21

Со искуства од регионот ќе се јакне јавната служба

Со искуставата на регионалните школи за јавна администрација, македонските државни службеници ќе ги градат капацитетите на јавната служба.

Два дена високи преставници од академии од соседството, франција и молдавија во Скопје, ќе ги споделат знаењата како административците да станат попрофесионални.

Вложувањето во јавната администрација е влог и во државата, смета ресорниот министер Минчев. Со реформите кои се прават и измените на повеќе законски решенија, службениците ќе се стекнат со нови знаења, а граѓанте ќе добијат поквалитетни услуги.