Герасимовски: Во Центар имаме фотодокументирани 10.000 дрвја во ГИС порталот, грижата за зеленилото на највисоко ниво

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 информираше дека сите зелени површини на територија на Центар се евидентирани во ГИС порталот, кадешто има над 10.000 садници, се посочува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
„Имаме ГИС портал кадешто во моментов се детектираат сите зелени површини во градот. Имаме над 10.000 садници коишто се со слика. Може да го отворите порталот, јавно достапен е, на истиот да ги видите сите оние садници кои се исликани на територијата на Општина Центар“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше дека овој ГИС портал се проширува за повеќе можности. Со регистрација во ГИС-от, сите корисници може да добијат пристап до сите важечки детални урбанистички планови и пребарување на градежните и катастарските парцели, за полесно лоцирање на потребниот простор.
„ГИС порталот истиот го прошируваме за повеќе можности да имаат самите граѓани, да вадат ДУП-ови, да имаат увид во ДУП-овите, да имаат можност родителите да ги запишуваат децата во градинката, училиштето итн. Во самиот ГИС портал ги има сите зелени површини коишто се на територијата на општината. Нашата грижа во делот на зеленилото е на највисоко ниво. И затоа имаме голем број, над 4, 5.000 садници овие четири години кои се засадени на територија на Општина Центар. Поголем проблем ни е одржувањето коешто е на „Паркови и зеленило“ коешто треба да ги наводнува зелените површини и не го прави истото. И затоа ние, со нашата цистерна го завршуваме и тоа онаму кадешто нема систем капка по капка“, истакна Герасимовски.
СДСМ
Ново на Сител
-

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
-

Приведени двајца соственици и управители на златара поради сомнение за даночно затајување со што е оштетен држвниот буџет од 64.924.298 денари
-

Три закони за високо образование и наука наскоро ќе бидат поставени на ЕНЕР
-

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
-

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони
-

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2030 ќе биде донесена на почетокот на јануари
-

Јубилеен концерт: 35 години Миле Кузмановски
-

ГАК: Причина за смртта на новороденчето е незрелост на белодробието, нема физичка повреда на органите
