Германците и турците најбројни туристи
Германците и Турците најбројни туристи веднаш зад нив се од Франција ,Србија и Грција. Македонија станува се поатрактивна дестинација. Бројот на странските посетители и на ноќевања се зголемил за по речиси 22% во првиот квартал од годинава споредено со истиот период лани.
За домашните и странските туристите најинтересни се езерските места. Тие се воодушевени од гостопримството природните убавини , културата и храната а реагираат на ѓубрето по патот до Охрид.
Според статистичките податоци бројот на туристите во април 2025 година изнесува 96 943, од кои 78.6 % се странски туристи а 21.4 отсто домашни туристи.Во истиот месец биле остварени 171 886 ноќевања , од кои 73.5 % од странските туристи додека26.5 % се од домашните туристи.
Во периодот јануари – април вкупниот број на посетители е зголемен за 13,4 отсто споредено со истиот период лани.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар