Гимназијалецот Јордан Ангелески го фати светиот крст и е најсреќен на Водици во Прилеп

Јордан Ангелески, 17 годишник, ученик во прилепската гимназија е најсреќниот годинава кој го фати светиот крст од осветените води во базенот во прилепскиот хотел „Салида“ на централната манифестација за Богојавление -Водици во Прилеп.
На Ангелески ова му е прво учество и токму на именденот. Очекува и посакува среќа за сите.
- Ова ми е прват, и, очигледно прва среќа. Огромно е задоволството, но и честа да се учествува на манифестацијата за Водици. Посебно сум среќен дека и на Водици сум крстен. Како средношколец, очекувам повеќе среќа. Се пријавив да скокам за здравје. Среќата за мене е посебна. Бог се јави-навистина се јави, изјави најсреќниот прилепчанец Јордан Ангелески.
Општина Прилеп продолжува да биде покровител на сите настани, како и денешниот на Богојавление -Водици. Му посакувам среќа на Јордан Ангелески и му го честитам именденот, рече прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
Ангелески од локалната самоуправа доби сувенир и ваучер на 20 000 денари, како и подароци од повеќе спонзори.
На денешната централна манифестација учествуваа околу 80 верници.
Инаку, во општина Прилеп на 20 локации се одбележа Богојавление -Водици со вкупно околу 500 учесници.
Во дворот на црквата „Свето Благовештение“, традиционално во „базенчето“ се одржа водосветот. Учествуваа 12-тина деца до 13 години. Најсреќен беше 12-годишниот Стилијан Кондоски.
На Плетварското езерце и годинава продолжи традицијата на Водици стари и млади да се искапат во осветените води. Големиот број учесници добија и дрвен крст, а беше и осветен параклисот до езерцето, изграден од донаторство.
МИА
Ново на Сител
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
-

За повисоките плати, универзитетските професори ќе мора да испорачаат подобри резултати
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
