Гинисов рекорд: Најскапото шише вода продадено со наддавање за над 52.000 евра

Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52.650 евра. Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, на наддавање во ресторан во Мексико Сити го постави Гинисовиот рекорд за најскапа вода во светот.
Ова посебно шише вода е наполнето од три извори на Земјата, т.е. три различни држави – Фиџи, Франција и Исланд. Но, и „секоја капка“, се вели – содржи „по три златни честички“ за да биде поалкална и поздрава од обичната вода.
Стакленото шише со 750 мл вода, прекриено со злато, пак, е дизајнирано според уметничките дела на италијанскиот уметник Амадео Модиљани. Дизајнот е потпишан од Фернандо Алтамирано, кој го осмислил и најскапото шише коњак во светот – „Дудоњон еритаж Анри IV“ (Dudognon Héritage Henri IV).
Средствата собрани од аукцијата беа донирани на Фондацијата „План-3-т“ (Plan3t Foundation A.C.), за борба против глобалното затоплување.
Ново на Сител
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
-

Марта Кос: Денеска е “Мега понеделник” за проширување на ЕУ – Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
-

Јавна трибина за подигнување на свесноста за органодонорство
