Гир за уставните измени: Штом се донесат, нема да има дополнителни одлуки
Штом се донесат уставните измени, нема да има дополнителни одлуки од страна на ЕУ за Македонија да ги започне пристапните преговори, уверува евроамбасадорот Дејвид Гир. Поради тоа Гир апелира што побрзо да се изгласаат, за Македонија да го продолжи европскиот пат и да пристигне до крајната точка, односно полноправна членка на ЕУ, каде како што вели, и е местото.
Скрининг процесот пак пред самиот финиш. Евроамбасадорот е задоволен од тоа како се одвива и смета дека резултатот ќе биде успешен.
Евроинтеграците биле тема и на денешниот состанок на премиерот Ковачевски со амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер. Ќе се зацврстува партнерството помеѓу Македонија и САД, со приоритет на евроинтеграциите, по што и Ковачевски и Агелер заклучиле дека е неопходно да се задржи европскиот правец. Собранието е клучната точка за македонскиот пат кон ЕУ, соопштија од кабинетот на Ковачевски.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
