„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години

„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје, објави Призма. Министерот за здравство Арбен Таравари за БИРН потврдил дека оваа албанската фирма со јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот во наредните 20 години.
На огласот, кој беше распишан на 15 ноември се јавила само „Ѓока констракшн“, која е формирана во Тирана во 1994 година, од 2022 има регистрирано подружница и во Скопје.
Приватниот партнер треба да изгради две катни монтажни гаражи, да стопанисува со целиот паркинг на Клиничкиот центар, а за возврат државата да добие еден отсто од вкупните остварени годишни приходи.
Според проценката на Министерството за здравство, инвестицијата би го чинела концесионерот нешто над десет милиони евра. Моментно, на Клиничкиот центар има 800 паркинг места, а со двете катни гаражи би се добиле уште 800 до 900.
„Ѓока констракшн“ во Албанија со години добива големи тендери. Еден од нив е изградбата на автопатот кој треба да го поврзе Дебар со Тирана. Покрај со градежништвото, семејството Ѓока има компании поврзани со енергетскиот бизнис.
Сега со паркингот на Клинички центар стопанисува ЈП „Градски паркинг“.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
