Ѓоковиќ го напушти Професионалниот сојуз на тенисери

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави напуштање на Професионалниот сојуз на тенисери (ПТПА), кој го основаше заедно со Канаѓанецот Васек Поспишил во 2019 година.
Поранешниот светски рекет број еден изјави дека одлуката произлегува од загриженоста за транспарентноста, управувањето и начинот на кој е прикажан неговиот имиџ.
– Горд сум на визијата што ја споделивме со Васек кога ја создадовме ПТПА – да им дадеме на играчите посилен и понезависен глас – меѓутоа, стана јасно дека моите вредности и пристап повеќе не се совпаѓаат со моменталната насока на организацијата. Ќе продолжам да се фокусирам на мојот тенис, моето семејство и придонесот кон спортот на начини што ги одразуваат моите принципи, напиша Ѓоковиќ на социјалните медиуми.
Во март 2025 година, ПТПА поднесе тужба против АТП, ВТА, ИТФ и ИТИА (првите две се професионални лиги, ИТФ е меѓународна федерација, а ИТИА се занимава со прашања поврзани со антидопинг и корупција). Документот содржи клаузули за ограничувањата на приходите на играчите, антидопинг системот и распоредот.
Ново на Сител
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
-

Тема на денот со Маринела Величкова, дописник од Скопје за БТА
-

Скопје на патот до престолнина на културата
-

Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев со одренот “Илинден 1903”
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
