-->
-->
Ѓоковиќ и Алкараз си закажаа полуфинале на УС Опен
-->

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска го победи Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналето на турнирот на Отвореното првенство на САД со 6:3, 7:5, 3:6 и 6:4.
Мечот траеше 3 часа и 27 минути. Триесет и осумгодишниот Србин сервираше 10 аса, направи осум двојни грешки и реализираше четири од девет брејк топки. Неговиот противник имаше 12 аса, пет двојни сервис грешки и реализираше две брејк топки од 13 шанси.
Следниот противник на Ѓоковиќ ќе биде Шпанецот Карлос Алкараз кој вчеравечер го победи Јиржи Лехечка од Чешка со максимални 3:0.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот УС Опен изнесува 90 милиони долари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
