Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ забележа победа во финалето на АТП 250 турнирот во Атина откако го совлада Лоренцо Мусети од Италија со 2:1 во сетови по три часа игра. Ова за Ѓоковиќ е 101-турнирска победа и сега е на чекор зад Рожер Федерер со 103 и Џими Конорс, кој има 109.
Финалето на почна како што посакуваше Ѓоковиќ, откако ривалот го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Но, српскиот тенисер го освои вториот сет со 6:3.
Во решавачкиот сет српскиот тенисер имаше предност. Прво направи брејк за водство до 2:1 во гемови, но Мусети изедначи на 3:3. Во следниот гем нов брејк за Ѓоковиќ и водство од 4:3. Но, кога сервираше за меч италијанскиот тенисер изедначи на 5:5.
Следуваше нов брејк на Ѓоковиќ во 11.тиот гем за 6:5 откако ја искористи четвртата брејк-топка. Во следниот гем на свој сервис без загубен поен ја искористи меч топката за конечни 7:5 во третиот сет.
За Мусети поразот во финалето значи дека нема да учествува на завршниот Мастерс што почнува утре во Торино.
МИА
Ново на Сител
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
