-->
-->
Ѓорческа против Тихонова во 2. коло на ИТФ турнир во Грузија
-->
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот во Лопота (Грузија) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 долари.
Ѓорческа која ја има улогата на четврта носителка во првото коло се соочи со домашната претставничка Зозија Кардава, тенисерка која дојде до главниот ждреб со вајлд карта.
Лина ја оправа фаворитската улога и тоа со победа во два сета и тоа прва „рунда“ во која противничката даде силен отпор кој беше скршен во 12 гејма (7-5) за да потоа биде многу полесно за Македонката која со 6-2 го потврди триумфот и местото во наредната фаза.
За место во четвртфиналето ќе се бори со Анастасија Тихонова која во моментов е на 346 место на ВТА листата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода