Македонија
4. July 2025 - 16:48

Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија

Прифаќањето на амандманите со кои се бришат формулациите „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ во извештајот за Македонија во Европскиот парламент нема да биде пораз за Македонија, туку за самата Европска унија.

Проблемитично би било европратениците да не си ја почитуваат претходно донесената одлука во Комитетот за надворешна политика, но и да се вклучат во бришење на нечиј идентитет, вели поранешниот амбасадор и познавач на европските прилики Марјан Ѓорчев. 

Сепак, за Ѓорчев иако амандманите од бугарските европатеници беа претставени како постигната согласност на трите најголеми европски партии, тој не очекува да поминат и на гласањето во Стразбур во вторник.

Премиерот Мицкоски коемнтираше дека на талибански начин и со инженеринг се брише идентитет на една нација во 21 век и дека тоа е резултат на лошата дипломатија на претходната власт посолувајќи ги директно Ковачевски, Маричиќ и Османи.

Од опозициската СДСМ возвраќаат дека Мицкоски бил тој што го избришал идентитетот.

Бугарските медиуми вчера објавија сет од амандмни со кои се бришат идентитетските формилации од Извештајот на известувачот Вајц. Според извори од преговорите во Брисел, бугарските претставници инсистирале во извештајот да стои „современ“ македонски јазик и идентитет, но им било укажно дека дека тоа нема да помине. Компромисот бил најден во тоа целосно да се исклучи користењето на зборовите македонски јазик и идентитет.