Ѓорги Начевски: И јас сум критичар на странски играчи, но мора да сме реални, тие ни се неопходни

Еден од најдобрите ракометни судии во светот, Ѓорѓи Начевски, во своето излагање на тема странски или домашни играчи, на денешната панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“ рече дека странците се неопходни во македонската лига, но побара при нивното ангажирање да се води сметка за нивниот квалитет.
-Јас сум голем критичар на странско, но треба да сме и реални, колку имаме квалитетни македонски играчи? За да не зависиме од странци, бидејќи сме лимитирани со наши играчи, потребно е едуцирање на македонски тренери и „вадење“ македонски ракометари. Исто така и стратегијата на клубовите е важна, дали ќе се прави тим за иднина, или за евентуален моментален успех.
И ние како судии наидуваме на многу пречки и проблеми. Според успеси сме спорт број 1, но според услови, инфраструктура, финансиски проблеми на клубовите, инвестициите, не сме, рече Начевски.
Слично размислува и менаџерот на РК Бутел, Лазе Мајнов.
-Се одлучивме за домашни играчи, ние имаме само еден странец. Нормално е кога не се може да се најде соодветен играч за одредена позиција, тогаш да се ангажира странец.
Горан Стојков од РК Аеродром кажа како функционира тимот во којшто работи.
-Ние сме нискобуџетен клуб, фокусирани на работа со млади ракометари. Нашата цел е визија, програма за создавање на младински репрезентативци кои подоцна би прераснале во сениорски носители во клубовите и репрезентацијата.
На крајот на овој дел на дебата, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска побара од клубовите да образложат на каков начин се трошат буџетските пари што ги добиваат од даночните обврзници и кој е бенефитот.
Ново на Сител
-

Опозицијата бара поевтино гориво
-

Уапсен професор од средното уметничко во Скопје – барал да има полови односи со ученичка
-

Антикорупциска не најде судир на интереси кај Томовски
-

Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
-

Странските компании го намалуваат бројот на вработени
-

Хегсет: Денес ќе ги изведеме најинтензивните американски напади врз Иран
-

Конференција „Фер игра“: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
-

Владата засега не гледа потреба за мерки за намалување на цените на бензините
