Уапсен професор од средното уметничко во Скопје – барал да има полови односи со ученичка
Вознемирувал ученички и барал од нив да имаат полови односи – 52 годишен наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје е приведен откако неколку ученички се пожалиле дека сексуално ги вознемирувал.
Иако инцидентот се случил минатиот четврток, полицијата вчера го уапсила наставникот.
- На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Директорот на училиштето, Димитар Филиповски за Сител вели дека наставникот е суспендиран од работа на три месеци, а дисциплинска комисија ќе одлучува за случајот. Иако вознемирувал повеќе девојчиња, таргетот му бил насочен кон една од нив.
Според училиштето претходно немало други вакви поплаки за наставникот.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
