Ѓорѓевски: Дрвјата наместо за коледарски огнови да се дадат на сиромашните
Кубиците дрвја кои вечерва се палат, како и храната и пијалоците кои се подготвуваат за коледарските огнови да се дадат на сиромашните семејства, смета верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски. Според него на тој начин многу луѓе на кои им се потребни ќе бидат среќни и нема дополнително да се загадува воздухот со чад.
-Зарем има нешто поубаво од тоа да направиш некого среќен, вели Бранко Ѓорѓевски, верски аналитичар и новинар.
Ѓорѓевски вели дека не е против традицијата и ја разбира симболиката за палењето огнови, но предлага постепено да се промени формата и наместо масовни собири во населбите со несоодветна музика и многу алкохол, огновите симболично да се палат во дворовите на храмовите.
-Па таму да се собираме, таму да се одржува споменот и вооедно ќе се присуствува на богослужбите, вели Ѓорѓевски.
Инаку црквата палењето на бадникарски огнови го смета за паганство, но не ретко токму на ваквите собири години наназад можеа да се сретнат свештеници кои ги благословуваат.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар