Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!

Денеска, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот Фејсубк профил објави дека наскоро во Скопје пристига брзиот автобуски превоз, или БРТ.
Ја пренесуваме објавата во целост:
„Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град.
БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, одвоени ленти за движење, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила.
Овој концепт овозможува побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и намалување на загадувањето, што го прави клучен чекор кон поодржливо и поеколошко Скопје.
Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот.
Со овој Договор прецизно се утврдуваат правата, обврските и меѓусебната координација помеѓу Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје во текот на целокупната имплементација на проектот.
Договорот ги регулира механизмите за управување со средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), формирањето и функционирањето на Единицата за имплементација на проектот, како и обврските за навремено обезбедување на сите административни, технички и финансиски предуслови.
Средствата од заемот на ЕБОР, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на проектот.
Договорот предвидува јасни процедури за повлекување на средствата, управување со посебните сметки, како и обезбедување на сите неопходни дозволи, одобренија и документација за непречено спроведување на активностите.
Договорот за имплементација е веќе одобрен и од Европската банка за обнова и развој.
Ова ќе овозможи започнување со конкретни активности на терен - од јавни набавки и техничка подготовка, до реализација на инфраструктурните работи.
Со ова, институциите ја потврдуваат заедничката заложба за современ, ефикасен и одржлив јавен превоз во Скопје, систем кој ќе донесе побрзо движење, подобар квалитет на живот и почиста животна средина за сите граѓани.
Почитувани, свесен сум за предизвиците со кои секојдневно се соочувате во јавниот превоз, проблем што не е од вчера, туку е наследен и со години наталожуван.
Но денес, конечно, се преземаат конкретни и одлучни чекори за негово надминување.
Со силната поддршка и јасната заложба на Владата и Премиерот Hristijan Mickoski, за што сакам посебно да му се заблагодарам, како и со процесот на набавка на 100 нови еколошки автобуси, поставуваме темели за суштинска промена.
Сакам искрено да изразам благодарност за оваа поддршка и на министерот за транспорт Aleksandar Nikoloski, за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, затоа што токму ваквите одлуки значат вистинска грижа за граѓаните и нивното секојдневие.
Ова е инвестиција во квалитетен живот, во почист воздух и во достоинствен јавен превоз.
Убеден сум дека со заедничка посветеност, проблемите што со години беа дел од нашето секојдневие ќе останат зад нас, а пред нас ќе стои модерен, функционален и ефикасен транспортен систем каков што Скопје заслужува.
Најдоброто, доаѓа!, стои во објавата на Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици
-

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
-

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
