Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска објави видео во кое вели дека е почната целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ на влезот од Градскиот парк.
- Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните, наведува Ѓорѓиевски.
Според него, ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти.
- Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува. Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!, изјави Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
-

Објавен е огласот за нов републички јавен обвинител
