Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска во Љубљана се сретнал со градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ.
Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук посочува дека Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје.
-Остваривме извонредна и пријателска средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, господинот Зоран Јанковиќ. Средбата помина во пријателска атмосфера, при што разменивме значајни искуства и визии за идната соработка помеѓу Скопје и Љубљана. Добив драгоцени совети и поддршка од градоначалникот Јанковиќ, со јасна определба Љубљана да биде град-партнер и вистински пример за развојот и модернизацијата на Скопје, напиша кандидатот за градоначалникот на Скопје.
Ѓорѓиевски во објавата нагласува дека посебен акцент бил ставен на најголемите предизвици со кои се соочува нашиот град – јавниот превоз и чистотата.
-Градоначалникот Јанковиќ ни даде ветување дека експертски тимови од Љубљана ќе бидат континуирана поддршка за Скопје, но не само во овие сфери, туку и во секоја област во која ќе побараме помош. Договоривме интензивна соработка и зајакнување на капацитетите на градот Скопје во насока на креирање, планирање и спроведување европски проекти.
Верувам дека преку ова партнерство ќе изградиме поефикасен и поевропски град Скопје, достоен за своите граѓани.
Со задоволство го потврдивме статусот на побратимени градови и во таа насока упатив срдечна покана до господинот Јанковиќ за негова официјална посета на Скопје, град кој сака да учи од најдобрите, пишува Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Марковски кандидат за градоначалник на Град Скопје
-
Успение на Пресвета Богородица - стотици верници со собраа во манастирот кај Матка
-
Мицкоски: Растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на владата на СДСМ
-
Стружани бараат возобновување на црквата
-
Мицкоски: Опозицијата ќе биде поразена, од ДУИ велат, тој испраќа пораки за затоплување на односите
-
Во земјата се потребни повеќе центри за менаџирање на дебелината
-
Сејф сити - Систем активен во Словенија, наскоро и во Македонија
-
Преглед на вестите од светот