Ѓорѓиевски: Напредува процесот на трасформација на работниот однос на вработените во училиштата
Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски вели дека има напредок во давањето согласности за трајни вработувања во претхолските установи и училиштата, но оти сега тој процес е прекинат поради предизборниот период. По изборите, смета тој, процесот треба да продолжи согласно направен план колку и со каква динамика која од обштините би добивала согласности. Дециден е дека овој процес се одвива согласно потребите на устаниците, а не по политичка приоадност на градоначалниците под чија надлежност се тие.
-Дека има одблокирување на процесите, има. Дека има напредок, има. Дека тоа е доволно, не е доволно и треба со посилен интензитет тоа да се спроведе после изборите. Сега е период на предизборие. Во овој период не можат да се даваат согласности. Согласностите треба да се дадат по изборите. Не верувам дека наеднаш ќе може сите да се дадат. Но, треба да се направи еден план секоја општина колку би добила во најбрзо време и да знае и градоначалникот и институциите под градоначалникот со што ќе се соочат и како да ги планираат средствата, изјави Ѓорѓиевски во одговор на новинарски прашања зошто се уште има вработени во образовниот процес кои по 10-20 години работат без решенија туку со договори.
Тој вели дека проблемот не е само во училиштата, туку и во согласностите за вработувања во градинките.
-Тоа е состојба која често ја дискутираме во ЗЕЛС и апсолутно е генерален проблем во државата. Ние треба да знаеме дека после неколку години сега се овластија лица да лиценцираат воспитувачи и негуватели во градинките. Ние имавме многу посериозен проблем од тоа трајно вработување во образованието, а тоа е да нема со години овластени лица кои ќе работат на лиценцирање негуватели и воспитувачи во градинките. Значи нашите најмлади да се ставени во состојба да нема кој да ги чува во текот на еден работен ден, рече Ѓорѓиевски кој по повод почетокот на новата учебна година заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска го посетија ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода.
Нагласува дека има напредок и во одност и на вработувањата во ушилиштата и во градинките, но и во лиценцирањето на негувателите и воспитувачите.
-Ако направиме паралела колку согласности се добиени во сите општини генерално, затоа што јас кога се јавувам добив согласност за пуштање во употреба на градинка, која е неопходно да добие согласности, во општина Липково без разлика што градоначалникот е од ДУИ, се добија потребните согласности и таа е функционална, рече претседателот на ЗЕЛС.
Додаде дека изминатите 14 месеци откако ја имаат централната власт, како што нагласи, не дека е припадник на политичка партија на чие чело е премиерот Мицкоски, објективно нема делби и секаде се постапува рамномерно.
Ништо, вели Ѓорѓиевски, не може да се реши преку ноќ и за некои процеси треба време.
Прашан дали општините се подготвени да ги следат идеите и најавените реформи од страна на Министерството за образование тој истакна дека речиси на сите седници на ЗЕЛС се дискутирало за нив, а оти и на некои седници била присутна и министерката за детално да биде образложена реформата и ти тоа е прифатливо за општините.
-Апсолутно тоа што го предлага Министерството е прифатливо за нас и мора час поскоро да се спроведе. Така што сметаме дека е неопходно да се спроведе. Сите процеси нормално е дека имаат и одредени негативни ефекти, но, многу поголеми се позитивните. Знам дека со реформите ќе се доведеме во ситуација во населени места каде има, две, три или пет дечиња, тире да се припојат кон некое поголемо училиште. Логично е да е така, затоа што дали има пет, 50, 500 деца трошоците се слини ако не за наставен кадар, тогаш за загревање, ладење, одржување..., рече тој.
Смета дека подобро е тие средства да се наменат во изградба на нови установи онаму каде за тоа има реална потреба.
-Еве ако земеме предвид во Аеродром има 600 деца на листа на чекање за градинка. затоа подобро е од две населени населени места да ги припоите децата во една градинка со ултрасовремени соодветни услови каде детето ќе го поминува времето, а останатите средства за нова градинка во Аеродром, отколку да се расплинуваат средствата на неколку позиции и од сето тоа да немаат бенефит граѓаните, рече Жорѓиевски во одговор на новинарски прашања.
МИА
Ново на Сител
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни