Ѓорѓиевски: По три децении лажни ветувања, денес Горно Оризари, конечно, добива достојни услови за живеење

По повеќегодишни барања од жителите на Горно Оризари, почна реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти со кои се подобруваат условите за живеење во оваа населба.
Од Град Скопје информираат дека улицата кон Горно Оризари, која со години беше во лоша состојба, се реконструира со поставување речиси 4.000 квадратни метри нов асфалт. Со реконструкцијата се очекува да се подобрат пристапот до населбата и безбедноста на жителите, учениците и на сите учесници во сообраќајот.
- Покрај реконструкцијата на улицата, во населбата се поставува ново детско катче, а се врши и целосна реконструкција на спортскиот терен, со цел децата и младите да добијат уреден простор за игра, спорт и дружење. Во рамките на активностите е уредена и нова автобуска постојка во согласност со барањата на жителите - велат од Град Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
