Голем број македонски државјани „си направија“ продолжен викенд
Голем дел од граѓаните направија спојување на претстојниот неработен вторник и заминаа на продолжен викенд. Плажите во соседна Грција и овој пат се главниот избор на голем број македонски државјани. Зголемување на фрекфенцијата има на сите гранични премини, а вообичаено најголемиот број на патници се регистрирани на граничниот премин Богородица - Евзони.
На овој премин само до пладне поминале 16 000 патници од кои 8000 биле македонски државјани што е зголемување за околу 50 проценти во однос на работните денови. И покрај зголемената фрекфенција која посебно беше изразена во претпладневните часови некои поголеми задржувања немаше, а маскималното време за минување на границата на македонска страна беше околу 15 минути.
Благо зголемување во текот на денешниот ден е регистрирано и на граничниот премин Дојран. Тука само денеска се регистрирани нешто повеќе од 1000 преминувања пред се од македонски и српски државјани.
Нов бран на патници и зголемена фрекфенција се очекува во понеделник попладне и во вторник, но овј пат во обратна насока и ќе биде на влез во нашата држава кога и ќе започне враќањето на македонските државјани.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
