Македонија
10. March 2021 - 12:32

Голем број на неексплодирани бомби се уште се откриваат низ Македонија

Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување дневно во просек откриваат по две до три убојни средства останати од некогашните фронтови од првата Светска војна. Само во изминатите седум дена биле реализирани осум акции за отстранување на такви средства. И покрај тоа што се работи за убојни средства кои се стари повеќе од еден век тие се потполни исправни. Најризични терени во државата во кои најчесто може да се сретнат неексплодирани гранати се струмичко гевгелискиот и битолскиот регион.

Со цел подигање на свеста за опасноста од овие убојни средства факултетот за безбедност Скопје во соработка со дирекцијата за заштита и спасување, МВР и Црвен крст започна кампања за информираење на граѓаните.

Акцијата се реализира како дел од Вектор проектот финансиски поддржан од НАТО СПС програмата и се реализира заедно со  Босна и Херцеговина, Грција и Велика Британија.