Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
Огромен пожар зафати небодер со 67 ката во Дубаи, принудувајќи ги властите да евакуираат речиси 4.000 луѓе, објави весникот „Халеџ Тајмс“.
Стотици станари изјавија дека противпожарните аларми не функционирале и дека за пожарот дознале дури кога почувствувале чад или биле известени од пријатели.
Густ чад ги исполнил скалите, принудувајќи многумина да користат лифтови за да излезат од зградата. Некои станари ја поминале ноќта на отворено пред да најдат сместување. Еден станар од 24-ти кат изјави за медиумите: „Бев со сопругата кога околу 21:45 почувствувавме мирис на нешто што гори. Проверивме во станот, но не најдовме ништо. Од балконот видовме пожарникари и луѓе надвор. Пријател ни се јави и рече дека не може да влезе поради пожарот. Обезбедувањето ни рече да ја напуштиме зградата дури откако ги контактиравме“.
„Скалите беа полни со чад, па користевме лифт, кој функционираше. На сопругата ѝ се слоши од чадот. Чекавме надвор 45 минути пред да заминеме во хотел. Подоцна видовме пламен на повисоките катови. Беше застрашувачки“, дополни тој.
Друг станар од 28-ми кат изјави дека пожарниот аларм воопшто не се вклучил. – Дознавме еден час подоцна преку порака од пријател. Скалите и лобието беа полни со чад. Без помош од луѓето, можеби немаше да излеземе, изјави тој за локалните меидуми.
Станарите изразија револт поради нефункционалните безбедносни системи во зградата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека