Македонија
18. December 2025 - 16:27

ДКСК ги повика градоначалниците да поднесат анкетен лист и покрај пробиениот рок

И покрај тоа што го пробиле рокот, актуелните и екс градоначалници се уште имаат шанса да поднесат анкетен лист за имотната сосојба. Претседателот на ДКСК вели иницирале прекршочни постапки но целта не е да се казнува туку граѓаните да имаат на увид со што располагаат нивните избраници.

Ѓорѓиевски вчера реагираше дека тој нема суштински промени во имотот од последниот анкетен лист кога бил градоначалник на О. Кисела Вода. Поради интезивни работни обврски не стигнал да го запази рокот но ќе го поднесе анкетниот лист во следните денови.

Поранешната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска реагираше бурно и ја обвини ДКСК за јавен линч. Доколку работеле професионално и доследно уште на почетокот од мандатот ќе ги известеле лично за обврската.

Добро ќе беше да сработите нешто за МУЛТИ МИЛИОНСКАТА КОРУПЦИЈА во Македонија и сериозните криминали кои се случуваат вклучувајќи ги и институционалните непостапувања за случаи како загадувањето од страна на УСЈЕ или трагедијата во Кочани, наместо да се заканувате со прекршочни глоби за која обврска не сте не информирале, а очигледно сите 35 поранешни градоначалници кои не продолжуваат мандат не знаеле за постоењето на оваа одредба.

ДКСК вчера ги објави списоците со имињата на градоначалници кои не поднеле изјава за имотната состојба и интереси. Во едниот список се 35 поранешни градоначалници а во другиот 19 новоизбрани кои не поднеле анкетен лист.