Голема реформа на администрацијата како дел од планот за итни реформски мерки
Стартуваше изработката на новата стратегија за реформи на јавната администрација. Министерството во соработка со невладиниот сектор, универзитетските професори, а со поддршка на ОЕЦД/Мисијата на СИГМА во Скопје ги подготвува клучните законски измени кои треба да го дадат крајниот резултат во рок од пет години. Работната група веќе дефинирала пет тематски области, меѓу кои и организација на државната и локална власт и антикорупција, транспарентност, отчетност и одговорност. До 2021 година целта е да се создаде сервиосно ориентирана администрација. Вработените во државниот апарат веќе се ставени на тест, а од првичниот прашалник кој го спроведува Сигма треба да произлезе актуелната слика за македонските административци.
- Реформата на јавната администрација останува еден од клучните приоритети во агендата на Владата на Република Македонија. Основна цел на овој перманентен процес е македонската јавна администрација да се приспособи кон потребите на современото општество, вели заменикот министер за информатичко општетство и јавна администрација, Тимчо Муцунски.
Премиерот Димитриев на координативен состанок пред два дена со министрите замениците и директорите на јавни претпријатија прецизираше јасен план за спровбедување на реформите. Најавени се стотици мерки кои треба да ги доближат македонските до стандардите на Европската Унија. Дваесетина чекори се веќе преземени во насока на реализација на реформите посочени од европските експерти.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
